Amigos Restorani

Политика за приватност

Ова е политиката за приватност на Мар-Кир ДООЕЛ во врска со собирањето и обработката на личните податоци преку веб страницата amigos.mk.

Мар-Кир ДООЕЛ (во натамошниот текст: „Мар-Кир“, „ние“) е контролор на личните податоци. Ние одлучуваме зошто обработуваме лични податоци, кои податоци ќе ги собереме и обработиме, како ќе го сториме тоа, како и кои ќе бидат нашите обработувачи на лични податоци.

Обработувачитe се компании кои за нас ја вршат обработката на личните податоци. Тие се наведени во делот „Со кого ги споделуваме вашите лични податоци заради обработка“. Одвреме-навреме може да направиме промени во листата на обработувачи, при што ќе ја ажурираме и оваа политика за приватност.

Корисниците на веб страницата amigos.mk, било да сте регистрирани или нерегистрирани корисници, се субјекти на лични податоци (во натамошниот текст: „корисниците“, „вие“).

Зошто собираме и обработуваме лични податоци

Личните податоци го собираме и обработуваме за следните цели:

  • Функционалност на веб страницата
  • Примање и реализација на резервации во рестораните
  • За да ве контактираме и пружиме корисничка поддршка
  • Статистика и аналитика на веб страницата
  • Маркетинг и огласување

Како собираме лични податоци

Вашите лични податоци ги собираме на два начини:

  1. Лични податоци кои вие самите ни ги давате. При резервација на маса во рестораните потребно е да ни ги дадете вашето име, мејл адреса и телефонски број. При нарачување храна од рестораните потребно е да ни ги дадете вашето име, адреса за испорака, телефонски број и мејл адреса.
  2. Лични податоци кои ние ги собираме со помош на колачиња и други механизми за собирање на податоци. amigos.mk користи колачиња и други механизми за собирање на лични податоци доколку вие се согласите за тоа. Не користиме несуштински колачиња без ваша согласност. Повеќе за тоа можете да прочитате во нашата политика за колачиња.

Кои лични податоци ги собираме и обработуваме

Ги собираме и обработуваме следните категории на лични податоци:

  • Име и презиме
  • Е-маил адреса
  • Телефонски број
  • IP адреса
  • Карактеристики на уредот од кој пристапувате кон веб страницата (digital fingerprints)

На нашата веб страница ги користиме и услугите за таргетирано огласување на Фејсбук и Гугл. Тие имаат увид во вашите активности на интернет и врз основа на тоа создаваат ваши профили кои потоа ги поврзуваат со огласувачи како нас. Додека сте присутни на нашата веб страница, тие собираат податоци поврзани со вашите интересни, потрошувачки навики, и други параметри, но само доколку за тоа дадете согласност. 

Нивните механизми за собирање податоци ни овозможуваат да допреме со вас преку таргетирано огласување на други страници на интернет или на социјалните мрежи. Меѓутоа, ние немаме пристао до овие податоци.

Со кого ги споделуваме вашите лични податоци заради обработка

Користиме услуги од други компании заради обработка на лични податоци. Тоа подразбира дека мораме вашите лични податоци да ги споделиме со нив.

Податоците ги споделуваме со следните обработувачи:

МК Хост, каде што е хостирана amigos.mk, а која ги хостира и податоците во врска со вашите резервации во рестораните.

Google, кој ни овозможува да ги анализираме посетите и активноста на корисниците на веб страницата, како и потоа да им прикажеме релевантни огласи.

Meta, кој ни овозможува да следиме кои корисници кои делови од нашата веб страница и онлајн опродавница ги посетуваат.

Пренос на лични податоци во странство

Дел од обработувачите на лични податоци чии услуги ги користиме податоците ги обработуваат надвор од Северна Македонија. Тоа значи дека е неопходно вашите лични податоци да се пренесат во друга земја и таму да се обработат. Такви се Гугл и Мета, кои податоците ги обработуваат на територијата на земјите од ЕУ.

При тоа, за секој пренос на лични податоци навремено ја известуваме Агенцијата за заштита на личните податоци на РСМ или прибавуваме одобрение за преносот, доколку тоа е потребно согласно Законот за заштита на личните податоци.

Чување на личните податоци

Личните податоци кои ги обработуваме ги чуваме само додека ни се потребни за целите заради кои ги обработуваме.

Секој личен податок се чува различен временски период. Тој временски период може да се менува одвреме-навреме, во зависност од тоа како се менуваат околностите поврзани со тие цели. На пример, податоците кои ги собираме за нашите маркетинг цели може да се чуваат пократко или подолго во зависност од тоа колку долго траат кампањите и слично. Податоите поврзани со вашата резервација се бришат за 30 дена.

Во секој случај, личните податоци ги обработуваме само за целите не обработка и ги чуваме само онолку колку што е неопходно за исполнување на тие цели.

Кои се вашите права

Законот за заштита на личните податоци во гарантира одредени права како субјект на личните податоци, кои ние ги почитуваме. Тие права се:

-Пристап до своите лични податоци, односно потврда дека вашите лични податоци се собираат и обработуваат од наша страна

-Исправка на вашите лични податоци, доколку оние кои ги имаме и обработуваме се неточни

-Бришење на вашите лични податоци („право да се биде заборавен“), што подразбира право да побарате и добиете бришење на сите ваши лични податоци кои ги обработуваме доколку претходно бидат исполнети законски пропишаните услови за бришење на податоците

-Ограничување на обработката на вашите лични податоци 

-Пренесување на вашите лични податоци кај друг контролор

-Повлекување на согласноста за обработка на личните податоци, доколку претходно сте дале таква согласност.

Како да ги остварите вашите права

За секое од овие права можете да поднесете барање на (емаил). Законскиот рок за одговор на вашето барање е 30 дена.

Пред да го одговориме вашето барање може да преземеме активност за потврдување на вашиот идентитет со цел да не откриеме нечии лични податоци на неовластено лице.

Собирање и обработка на лични податоци на деца

Не собираме и обработуваме лични податоци на деца.

Доколку се случило по грешка да собереме личен податок на дете и сте дознале за тоа, ве молиме да не известите на dushan.neshovski@magnetik.com.mk и ние веднаш ќе ги избришеме нивните лични податоци.

Офицер за заштита на личните податоци

Имаме поставено офицер за заштита на личните податоци. Неговите контакт податоци се:

Душан Нешовски

dushan.neshovski@magnetik.com.mk

070 379 343

Измени на политиката за приватност

Го задржуваме правото во секое време да направиме измени на оваа политика за приватност. Таа има за цел да ве информира за нашите активности во врска со собирањето и обработката на вашите лични податоци, така што мора да се менува како што ќе се менуваат и нашите активности.

Контакт

За какви било прашања во врска со оваа политика за приватност контактирајте не на dushan.neshovski@magnetik.com.mk.