Amigos Restorani

Правила и услови

Ова се правилата и условите за користење на веб страницата amigos.mk. Во овие правила и услови се содржани правилата и условите согласно кои можете да креирате кориснички профил на amigos.mk и да направите купите производи преку онлајн продавницата на веб страната.

Овие правила и услови се применуваат на вашето користење на веб страницата amigos.mk.

Резервирање маса

Веб страницата amigos.mk овозможува резервирање на маса во рестораните Амигос. При тоа потребно е да дадете лични податоци за да може да се реализира резервацијата. Повеќе детали за личните податоци кои се обработуваат за оваа цел прочитајте во политиката за приватност.

Забрани во врска со користењето на веб страницата

Веб страницата не смеете да го користите за:

-Давање неточни податоци за резервација

-Собирање или обработка на податоци од amigos.mk

-Какви било незаконити дејствија или овозможување, помагање или поттикнување на друг да изврши такво незаконито дејствие

-Повредување на правата од интелектуална сопственост на Мар-Кир ДООЕЛ или било кое друго лице

-При комуникацијата со Мар-Кир ДООЕЛ или приемот на производите да навредувате, клеветите, заплашувате, или на каков било начин ги вознемирувате лицата со кои сте во контакт

-Употреба на вируси или друг малициозен софтвер

-Било какво загрозување на безбедноста на amigos.mk или на која било друга веб страница

Неприменливост на овие Правила и услови

Доколку поради која било причина некоја од одредбите од овие Правила и услови стане неприменлива, останатите одредби и понатаму ќе продолжат да се применуваат

Спорови и надлежен суд

Доколку дојде до спор помеѓу продавачот и купувачот во врска со одредбите од овие Правила и услови, двете страни ќе се впуштат во разговори за надминување на несогласувањата и да дојдат до заеднички прифатливо решение.
Доколку продавачот и купувачот не ги надминат несогласувањата, евентуалните спорови ќе се решаваат согласно позитивните законски прописи во Република Северна Македонија пред Граѓанскиот суд во Скопје.

Измени на овие Правила и услови

Мар-Кир ДООЕЛ го заджува правото да ги измени овие Правила и услови.

Во случај на измени, корисникот кој креирал кориснички профил ќе биде известен за измените на е-маил адресата најмалку седум дена пред измените да стапат во сила.

Доколку корисникот не се согласува со изменетите Правила и услови, може веднаш да го избрише својот кориснички профил.

Доколку корисникот не го избришал корисничкиот профил до моментот на стапувањето на измените во сила, се смета дека корисникот ги прифаќа изменетите Правила и услови.

Контакт

За какви било информации во врска со овие Правила и услови, можете да не контактирате на amigos@magnetik.com.mk.