За нас
Амигос е приказна за пријателите, семејството и храната која ги буди духот и сетилата. Сѐ започнува во 2006, кога ја отворивме првата Амигос Мексиканска Кантина во срцето на Скопје. Како семеен бизнис, секогаш се стремевме да создадеме уникатно искуство кое ќе допре до сите сетила. Сплотувајќи ги традиционалните и современите влијанија, нашиот тим континуирано работи посветено создавајќи амбиент, услуга и мени соодветно на интернационалните стандарди.
Постепено, оригиналниот концепт на традиционална Мексиканска Кантина еволуира во модерен концепт на ресторан и бар, со збогатен избор на храна и коктели, како и освежен ентериер кој го рефлектира современото кулинарско искуство. И конечно во 2020, се раѓа ново поглавје во нашата приказна со тоа што го отвараме вториот ресторан и бар, Амигос Љубљанска. Тука се вклучени добро познати елементи од оригиналното Амигос искуство, но со нов, современ шмек.
Познатиот уметник и современик, Мирослав Масин е дел од нашата авантура уште од самиот почеток.
Тој е визионерот кој стои позади сите уметнички дела во нашите ресторани, од челичните Мексикански фигури (во далечната 2006 година), преку неговата шарените современите уметнички дела на ѕидовите од реновираниот Амигос Ресторан и Бар, се до целосната тродимензионална уметничка инсталација во Амигос Љубљанска. Како вистински визуелен поет, Масин ја раскажува еволуцијата на Амигос преку уметноста, па затоа е клучен дел од нашата приказна.
Од ентериерот и екстериерот, до срцето и душата на ресторанот – кујната и барот, се потрудивме секој детал да се вклопи во едно уникатно искуство кое ќе ги обземе сите сетила. Затоа, Амигос е место каде сите љубители на добрата храна и амбиент ќе се почувствуват како да се дома.
Придружете ни се на гурмански оброк или пијалок од барот и станете дел од нашата приказна!