Amigos Restorani

Каде да купувам?

1. Градски Трговски Центар

Лоциран веднаш до центарот на Скопје, Градскиот Трговски Центар или ГТЦ е најстариот мол во градот. Дом е на многу продавници, од луксузни брендови до аутлети, продавници за накит и спортска опрема, ресторани и супермаркети (лоцирани на подземје). Во ГТЦ има и аптеки, банки и банкомати, како и паркинг во подрумот. Самата зграда е од отворен тип, а трговскиот центар се наоѓа на само 5 минути од Amigos Мексикански Ресторан и Бар.

Gradski Trgovski Centar
Skopje City mall

2. Скопје Сити Мол

Скопје Сити Мол е еден од најголемите молови во Скопје, и воедно најдоброто место за купување во реонот. Покрај продавниците на многу познати брендови, книжари, парфимерии и голем супермаркет, молот има и кино на вториот кат. Во молот има и многу кафулиња и ресторани (еден од нив е и Amigos Љубљанска, лоциран на надворешниот дел од молот, на западната страна), банкомати и парк за деца на надворешниот дел. Молот исто така има и голем паркинг на 4 ката.Скопје Сити Мол исто така има голема селекција на луксузни брендови и мулти-бренд продавници. Повеќето од нив се лоцирани на првиот кат. Нашиот предлог е Magnetik Gallery, мулти-бренд продажен салон кој застапува брендови како Sportmax, Weekend Max Mara, Liu Jo, Pinko и Patrizia Pepe.

3. Рамстор Мол

Малку помал но добро опремен мол, во кој можеш да најдеш се од супермаркет, банкомати, аптeка, па дури и пошта на најдолниот кат. Молот е едно од најдобрите места за купување во центарот на градот, a во e близина и на Amigos Мексикански Ресторан и Бар, на само 5 минути пеш. Рамстор е исто така еден од полесните молови за навигирање и има изобилство на познати луксузни и брендови од брза мода. Веднаш до молот се наоѓа и неговиот паркинг, а има и други опции за паркинг во близина. После вкусниот оброк можеш да се прошеташ до молот и да ги посетиш луксузните продавници, како Weekend Max Mara, Marella, Liu Jo и Pinko, кои се лоцирани на приземје кон источниот дел од молот. Уживај во прошетката и пронајди уникатно луксузно модно парче кое секогаш ќе те потсетува на ова патување!

Ramstore mall
Ist Gejt Mall

4. Ист Гејт Мол

Најновиот и најголемиот мол во Скопје, а воедно и најголемиот мол во регионот, е лоциран на источниот дел од градот, на патот од аеродромот кон центарот на Скопје. Молот има голема селекција на популарни брендови, цел коридор на луксузни брендови, и прилично се друго што би ти било потребно. Има голем супермаркет на најдолниот спрат, банкомати, аптека, и голем избор на ресторани на приземје и брза храна на првиот кат. Овој мол има подземен паркинг на два ката, како и паркинг простор во близина на молот. Ист Гејт Мол има и најголема концентрација на луксузни продавници. Повеќето од нив со лоцирани на таканаречената Модната Авенија – северниот коридор на молот кој се наоѓа на приземје. Расположи се со мала шопинг авантура со брендови како Patrizia Pepe, Twinset Milano или Liu Jo, и збогати го твојот гардеробер со ново и возбудливо луксузно модно парче.

5. Капитол Мол

Релативно помал од другите молови, но сепак добро опремен, овој мол е најдоброто место за купување во општина Аеродром. Молот има голем број на познати брендови за брза мода, спортски продавници, голем супермаркет, банкомати и аптека. Молот е опкружен со кафулиња и ресторани, и има многу опции за паркинг. Исто така, од спротивната страна на улицата има уште еден трговски центар – Бисер, и уште многу други продавници во околните згради.

Capitol Mall