10 атракции во Скопје
1. Скопско кале

Како највисоката точка во центарот на градот, ова место отсекогаш имало стратешка улога. Земјиште било населено од неолитски времиња, а првата тврдина на оваа локација е изградена во 6-тиот век. Рушена и градена од многу освојучави, тврдината Кале нуди безброј приказни од Византиското и Отоманскот време, како и прекрасен поглед кон градот.
2. Спомен куќа „Мајка Тереза“

Лоцирана на само 100 метри од Мексиканскиот ресторан и бар “Амигос”, овој споменик се наоѓа на местото на кое некогаш стоела црквата во која била крстена Мајка Тереза. Изградена е на биде спомен на големите дела на овој религиозен мисионер, во срцето на градот кој што тој порано го нарекувала свој дом. Во него се чуваат многу скулптури и реликвии од различни фази на нејзиниот живот.
3. Милениумски крст

Поглед со поглед. Овој 66-метарски џин живее на врвот на планината Водно. Како што името предложува, изграден е во често на вториот милениум кој го прославивме пред 20-тина години, и до ден денес е 6-тиот најголем крст во светот. Појди на врвот на Водно и искачи се на самиот крст со лифт за да го видиш Скопје од перспектива која не си ја видел до сега!
4. Камен Мост

Ако си во Скопје, оваа е атракција е задолжителна локација! Поврзувајќи го модерниот центар на градот со старата чаршија, овој мост ги поврзува културите, времето и просторот. Изграден е на реката Вардар врз римски темели за време на Отоманската империја. Оттогаш овој камен мост ги служи граѓаните веќе 500 години! Бил оштетен и реставриран неколку пати но оригиналната структура е се уште задржана. Прошетај се по камените плочки и уживај во прекрасната глетка на реката како и други значајни градби околу мостот.
5. Стара Скопска Чаршија

Помини преку Камениот Мост и влези во еден поинаков свет. Лоциран на источниот брег на реката Вардар, Старата скопска чаршија рефлектира векови стара култура, влијаниа од отоманската империја, и изобилство на мали продавнички и работилници на занаетчии. Лесно е да се изгубите во испреплетените улици поплочени со калдрма. Има нешто за секој во Чаршијата, а воедно е и најдоброто место за купување на сувенири од Скопје.
6. Кањон Матка

Лоцирано на само 17km од Скопје, ова магично место е создадено од природата и луѓето. Браната Матка е изградена во 1938 на реката Треска, создавајќи вештачко езеро опкружено со високи планини, како прво од овој вид во регионот. Самото име Матка е симбол за раѓање, како и мајката природата. Без разлика на тоа во кое годишно време имате прилика да го посетите ова место, ќе најдете изобилие на рекреативни активности како планинарење, риболов или кајакарење. Но дури и ако сте расположени само за лежерна прошетка, патувањето ќе вреди за прекрасниот поглед!
7. Градски Парк

Направи пауза од истражувањето на градот и посети го Градскиот Парк. Оваа зелена површина се простира на 16.000 квадратни метри и е најголемиот парк во регионот. Лоциран на брегот на реката Вардар, паркот е дом на Зоолошката градина, неколку канали и езерца, ретка флора и фауна и многу културни споменици. А во потоплите сезони, паркот е и центар на музички и филмски фестивали, спортски натпревари и пазари.
8. Мостот на Цивилизациите

Блиску до Камениот Мост, ако поминете преку овој модерен мост ќе се најдете точно пред Археолошкиот Музеј на Скопје. Познат и под името “Мост Око” по дизајнот на око и фонтана на средината, на страните на мостот се поставени 28 статуи од важни ликови од Македонската историја. Мостот е интересна глетка денски, а и навечер, и нуди многу добри агли за фотографии на другите градби од центарот на градот.
9. Археолошки Музеј

Лоциран на левиот брег на реката Вардар, музејот е глетка од надвор и од внатре. Изграден во 2012, музејот е дом на околу 7000 предмети од археолошка вредност пронајдени на територијата на Северна Македонјиа, кои датираат од Каменото добар до Средниот век. Голем број од предметите кои се дел од оваа институција се ексклузивни во светски размери. За сите фанови на музеи, овој музеј е задолжителна атракција.
10. Музеј на современа уметност

После катастрофалниот земјотрес во 1963, Музејот на Современа Уметност бил основан како место за уметничките дела кои државата ги добива од интернационални донатори. Издигнувајќи се над разурнатиот град, музејот е поставен на највисоката точка на ридот Кале, дури повисоко и од тврдината. Покрај повремените уметничките изложби и настани, во својата колекција, музејот поседува близу 6000 уметнички дела од интернационални и национални артисти.